Вчера, женската репрезентација на Македонија загуби на последното гостување кај Норвешка со 32-27. Црвено-жолтите девојки одиграа одлично прво полувреме, имаа реми 14-14, во средината на вториот период домашниот тим успеа да се одлепи.
Одлични бевме во првиот дел и отидовме на одмор со резултатска симетрија против европскиот и светскиот првак, првите 30.минути завршија 14-14. Имавме и водства како при 6-8 и 9-11 за нашите дами во овој период. Во вториот дел започнавме рамноправно и повторно беше реми, овој пат 16-16. Против квалитетниот домаќин париравме се до 22-20, потоа искуството дојде до израз и успеаа да не совладаат со пет гола повеќе, односно со 32-27.
Во нашиот состав имаше место за три вардарки и на оваа средба, пикерот Ивана Џатевска запиша три гола, Миновска Сара и Бојана Коцева немаа свои погодоци на средбата.