Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Клаудија Ѓеоргиевска: Пресреќна сум, што повторно сум дел од екипата
Клаудија Ѓеоргиевска: Пресреќна сум, што повторно сум дел од екипата

Клаудија Ѓеоргиевска: Пресреќна сум, што повторно сум дел од екипата

Екипата на Жрк Вардар Јуниор е најголемото изненадување оваа натпреварувачка сезона во најсилната супер лига. Избраничките на Симе Симовски се наоѓаат на првото место на табелата во лигата, со максимален број на освоени бодови. Вардар Јуниор има девет победи од исто толку одиграни мечеви. Успеаа да го победат најголемиот ривал за второто место во супер лигата, екипата на Металург на нивни терен. Една од девојките која настапува за црвено-црните е Клаудија Ѓеоргиевска која пред три натпревари се врати на настапите за својот тим во супер лигата. Претходно подолг период отсуствуваше од терените, поради повреда здобиена минатата сезона.

-Знаев дека после дождот, доаѓа сонце. Имав навистина тежок период и долга пауза, но сега сум пресреќна што повредите се само минато, а јас повторно дел од екипата. Неизмерно сум им благодарна на сите оние што ми помогнаа да го пребродам тој тежок период и ми дадоа огромна поддршка.

Покрај натпреварите во супер лигата, Жрк Вардар јуниор настапува во Челинџ купот. Првата пречка успешно ја поминавме, сега се насочуваме на 1/8 дуел против екипата на Војводина Минаква (Србија).

-Целта ни беше првото место на табелата, добро се подготвувавме, и покажавме дека навистина го заслужуваме. Во наредниот период треба да го потврдиме тоа. Во челинџ купот, прв противник Лондон, а сега екипата на Војводина, ние сме млади, но имаме квалитет и ќе го докажеме тоа со натамошен пласман, изјави Клаудија Ѓеоргиевска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски