Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Двете сениорски женски екипи на Вардар викендов имаат мечеви во Супер лигата
Двете сениорски женски екипи на Вардар викендов имаат мечеви во Супер лигата

Двете сениорски женски екипи на Вардар викендов имаат мечеви во Супер лигата

По крајот на ЕХФ неделата во која македонската женска репрезентација настапуваше на “Трофеј Карпати“ во Романија повторно се актуелни возбудувањата во женската Супер ракометна лига. Викендов на програмата се дуелите на првиот тим на ЖРК Вардар и на младиот состав на Вардар Јуниор.

Двата црвено-црни сениорски женски колективи своите дуели ќе ги одиграат во недела, на 3-ти декември. Вардар е лидер на табелата со максимални 27 бода од одиграни 9 натпревари. Помладиот тим предводен од Симе Симовски е четвртопласиран со 20 освоени бодови од одиграни 11 дуели во единствената женска ракометна лига оваа сезона. Во недела избраничките на Дибирова се среќаваат  со екипата на ЖРК Пелистер, дуелот е закажан со почеток во 16-30 часот.  Младите вардарки од Вардар Јуниор се гостинки на ЖРК Деспина тим кој доаѓа од градот Прилеп. Првиот тим е апсолутен фаворит во дуелот, а и младите вардарки би требало да дојдат до победа против тимот кој досега има само шест бода во лигата.