Викендов повторно на сцена се натпреварите за младите вардарови ракометни екипи. Бројот на мечеви овој викенд е помал бидејќи кај дел од екипите веќе е завршена “есенската полуетапа“ од првенството. Овој викенд за младите екипи на ракометниот клуб Вардар на програмата имаме еден дуел кај дамите и два дуела во машка конкуренција за одигрување.
Пионерската селекција на Вардар во женска конкуренција која е предводена од Платон и Кузмановска викендов е домаќин на мечот од шестото коло од пионерското првенство. Ние ќе ги пречекаме врсничките од екипата на РК Ѓорче на 3 декември. Дуелот во недела е закажан со почеток во 12-00 часот, стандардно ние ќе бидеме домаќини на овој натпревар во СЦ “Кале“- Скопје.
Кадетите на Вардар кои имаат 100% ефект во лигата, момците на Будимир Адријана викендов се домаќини на мечот со екипата на Војнисон Вардар. Натпреварот во салата “Кале“ ќе го одиграме во недела, на 3 декември, истиот е закажан со почеток во 14-00 часот.
Младинците на Вардар според распоредот викендов гостуваат во Битола, момците предводени од Чивлачки и Грчевски ќе гостуваат кај тимот на РК Пелистер. Младинци својот дуел кај зелено-белите врсници ќе го играат на 3 декември, недела, со почеток во 14-00 часот. Овој натпревар во салата „Младост“-Битола.