По крајот на турнирот на најдобрите четири женски ракометни екипи во Будимпешта, ЕХФ ТВ ги објави најдобрите индивидуални постигнувања. Нашите девојки дојдоа на Ф-4 до сребрениот медал, но во трите избора доминираат целосно.
Дури четири од пет места во категоријата “најдобра одбрана“ се резервирани за трите голманки на Вардар. Најдобрата одбрана ја има Ина Суслија, две места држи Амадин Лејно, французинката ги има најдобрата третата и петтата одбрана, додека бразилскиот голман во нашите редови Песоа се најде на втората позиција. Изборот за најдобрите пет одбрани на завршниот Ф-4 турнир може да ги погледнете- ТУКА.
Одличната Александра Лакрабер се најде меѓу изборот за трите ѕвезди на завршниот турнир, видеото од овој избор може да го погледнете Тука . Таа воедно го има најубавиот гол на завршниот турнир. Во изборот за најдобар погодок имаше место и за најдобриот стрелец оваа сезона во ЕХФ Лигата на шампиони, Пенезиќ. Taa се најде на треттата позиција, видеото од овој избор може да ја погледнете ТУКА.