Денес беше извлечена ждрепката за натпреварите во 1/8 на Челинџ купот. Вториот тим на Жрк Вардар за противник ја доби екипата на Минаква Војводина од Србија. Младите Вардарки можат да бидат задоволни од извлекувањето, бидејќи противникот слабо ја започна сезоната во домашното првенство. Оваа екипа има впишано дури осум порази, во првите девет кола од Српската лига.
Првиот натпревар помеѓу Вардар и Војводина е закажан за 9-ти или 10-ти јануари во Ј. Сандански, додека реваншот е недела подоцна во Србија.