Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Камелија Филиповска: Ова беше мое прво учество на турнирот, прва моја награда и трофеј

Камелија Филиповска: Ова беше мое прво учество на турнирот, прва моја награда и трофеј

Минатата недела ги добивме првите победници на третото издание на ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“. Во женскиот дел кај генерација родени 2002/03 првото место и припадна на екипата на РК Шампион која во големото финале беше подобра од РК Делчево. Во еден интересен и неизвесен натпревар каде ниедна од двете екипи немаше поголема предност од два гола, на крајот како подобра се покажа екипата на РК Шампион. Конечниот резултат на тој дуел гласеше 9:11. За целокупните впечатоци од турнирот и финалниот меч со Делчево може да прочитате од Камелија Филиповска, која беше една од најзаслужните за освоеното прво место на РК Шампион.

-Неможам дa oпишам колку бев задоволна, бев пресреќна на натпреварот со РК Делчево дадов се oд себе, целата енергија што ја имав jа оставив на теренот. Навистина неможам да oпишам колку бев пресреќна. Сите бевме самоуверени и кажавме дека можеме и дека ќe победиме и на крајот тоа што го сакавме го добивме.

РК Шампион Вардар

РК Шампион Вардар

Камелија Филиповска ја доби наградата за најдобар голман. Ова беше нејзино прво учество на турнирот, што на крај се покажа како многу среќно.

-Организацијата бешe oдлична, a за мојата награда, најдобар голман не oчекував искрено кога слушнав моето име незнаев што да направам и бев пресреќна. Исто така ова ми е прв пат што учествувам на турнирот, ова ми е прва награда и прв трофеј. Секако ова ми е мотивација да продолжам и во иднина да работам напорно. Јас очекував дека ке играме финале против Делчево, тој ден бев спремна да дадам све од себе, бевме подобри и на крај го освоивме првото место.

Можноста да докажат дека се најдобри ќе ја имаат во пролетниот дел од Јуниор лигата, каде исто така ќе биде неизвесно кој ќе биде на врвот кај оваа генерација.

-Мислам дека имаме шанси да се искачиме на првото место во Јуниор Лигата, во моментот сме втори, но сепак мислам дека можеме да ја оствариме целта. 

Звонко Ивановски