Вчера во малата сала на С.Ц Јане Сандански се одигра финалниот ден за пласман во младинска конкуренција од турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ за ракометарки родени 1998/99 година. Во дуелот за 3-место се сретнаа екипите на Академија-1 и Академија-2, а третото место го освоеи екипата на Академија-1 на пенали одкако мечот заврши со резулта 12-12. Младинската екипи на Жрк Вардар во финалето ја совладаа екипата на Ѓорче Петров (20:13). На крајот од турнирот во оваа конкуренција имаше прогласување на најдобрите, пет наши ракометарки земаа и поединечни награди на завршниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“. Јована Мицевска е најдобар голман, Тина Тодорвска најдобар играч. Крилните позиции им припаѓаат на Вардарки, на лево крило е Анастасија Николовска и на десно Ана Станиќевска. Најдобар лев бек е Ива Божиноска. Погледнете ја фотогалеријата на Вардар фанс со фотографии од мечевите, атмосферата на трибините, доделувањето на признанијата за најдобрите.