Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јована Мицевска: Оваа награда сакам да ја споделам со мојот тренер Александар Царчев, со кого работам напорно
Јована Мицевска: Оваа награда сакам да ја споделам со мојот тренер Александар Царчев, со кого работам напорно

Јована Мицевска: Оваа награда сакам да ја споделам со мојот тренер Александар Царчев, со кого работам напорно

 Финишираше второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ кој изминатиов период се играше во четири сали во Скопје. Во генерација родени 1998/99 година во женска конкуренција, првото место го освоија младинките на Жрк Вардар. Нашите девојки во финалето беа далеку подобри од екипата Ѓорче Петров, со конечен резултат од 20:13. Претходно беа забележани уште две победи.

-Сметам дека турнирот на кој си ги одмеривме силите со останатите екипи беше одлична можност да го покажеме тоа што го знаеме и тоа што го вежбавме на тренинзите. Овој турнир е од големо значење за нас и благодарение на добрата организација и атмосфера ни дозволи повторно да го почуствуваме натпревавучкиот дух, кои го носат турнирите и да се радуваме на нашата победа. Овие три дена ме мотивираа да работам повеќе и да продолжам да го давам својот максимум за успехот на екипата.Во иднина се надевам на многу турнири од овој тип.Сите се трудевме максимално и сметам дека трудот се исплатеше. Ова е успех на целата екипа и горда сум на тоа. 

Јована Мицевска го повтори успехот од минатата година, кога беше избрана за најдобар голман на овој турнир.

-Наградата е од големо значење за мене и истата ми дава мотив да работам уште повеќе и среќна сум поради истата. Би сакала да ја искажам мојата благодарност до мојот тренер Александар Царчев, со кој работам напорно и оваа награда ја делам со него, изјави Јована Мицевска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски