Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анастасија Николовска: Наградата за најдобро лево крило ми е голема мотивација за понатаму
Анастасија Николовска: Наградата за најдобро лево крило ми е голема мотивација за понатаму

Анастасија Николовска: Наградата за најдобро лево крило ми е голема мотивација за понатаму

Со вкупно три победи од исто толку одиграни натпревари, младинките на Жрк Вардар успеаа да го освојат турнирот Вардар, еден живот, една љубов“ , во генерација родени 1998/99 година. Црвено-црните во големото финале ја совладаа екипата на Ѓорче Петров (20:13) и заслужено се најдоа на тронот. Претходно бевме подобри од екипите на Академија 1 и Академија 2.

-Многу сме задоволни од организацијата на овој турнир, овозможува да покажеме што знаеме и колку сме научиле изминатата полусезона. Ние како екипа покажавме добра игра, затоа и го задржавме првото место на овој турнир, како лани така и оваа година. Од својата игра сум задоволна, но секогаш може подобро.

Ова е веќе втора ваква награда за Николовска од исто толку изданија на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“.

-Како изминатата година, така и оваа добив лична награда за најдобро лево крило. Поради тоа сум многу среќна и ова ми е голема мотивација за понатамошниот тренажен процес, изјави Анастасија Николовска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски