Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ива Божиноска: Секоја награда ми е драгоцена и мотивирачка
Ива Божиноска: Секоја награда ми е драгоцена и мотивирачка

Ива Божиноска: Секоја награда ми е драгоцена и мотивирачка

Денес финишираше второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ кој изминатиов период се играше во четири сали во Скопје. Во генерација родени 1998/99 година во женска конкуренција, првото место го освоија младинките на Жрк Вардар. Нашите девојки во финалето беа далеку подобри од екипата Ѓорче Петров, со конечен резултат од 20:13. Претходно беа забележани уште две победи.

-Годинава добро организиран по втор пат се одржа турнирот,, Една љубов еден живот” Турнирот ми остави добри впечатоци. Задоволна сум од мојата игра и играта на моите соиграчи. Сите добивме шанса и добро ја искористивме.

На крајот свечено се доделуваа наградите за најдобрите поединци. Ива Божиноска се најде во идеалниот тим на турнирот, како најдобар лев бек.

-Во игра влеговме мотивирано и успеавме да го дадеме најдоброто од себе, иако секогаш може и подобро. Секоја награда ми е драгоцена и мотивирачка, изјави Ива Божиноска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски