Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Челинџ-куп! ИСТОРИЈА за Вардар јуниор, обезбедивме пласман во 1/4 финале
Челинџ-куп! ИСТОРИЈА за Вардар јуниор, обезбедивме  пласман во 1/4 финале

Челинџ-куп! ИСТОРИЈА за Вардар јуниор, обезбедивме пласман во 1/4 финале

Ракометарките на Вардар јуниор предводени од Симе Симовски  обезбедија  четвртфинале во Челинџ-купот. Тие денес  во осминафиналниот двомеч со српска Минаква Војводина  победија со 31-27 , овој дуел како и вчерашниот се играше во Спортскиот Центар „Јане Сандански”.

Во овој  меч кој донесе историски пласман за овој млад клуб отворивме на почетокот  со 2-0.  Потоа следеше  израмнетиот период во продолжение, сепак црвено-црните ракометарки на Јуниор во 16.минута со играч помалку на теренот се вратија во мечот повторно со предност од два гола 9-7.  Предводени од Теодора Керамитчиева и Наташа Нолевска, на четири минути пред крајот стигнаа до три гола предност 14-11. Таа предност остана и до крајот на првите 30 минути бидејќи паднаа по два гола во двете мрежи. На одмор се отиде со 16-13. Во првиот дел доминираше  Керамитчиева која даде пет а  Нолевска даде гол помалку-четири.

Фуриозно тргнаа црвено-црните јуниорки во вториот дел, па разликата преку двете најефикасни ракометарки на овој меч константно ја зголемуваа и во 44-та минута стигнаа до најубедливи плус седум голови (25-18). Нашите ракометарки ја држеа разликата од шест голови речиси до самиот крај, па Војводина сѐ што успеваше да направи е да дојде до минус пет. Во финишот, повторно Вардар јуниор стигна до највисоките седум голови 30-23.Србинките се обидоаа да намалат ама не беа доволно добри во тоа, а девојките покрај моменталната предонст имаа и 2 плус од вчерашниот дуел . Мечот заврши со конечни 31-27 со што се изборивме за историски пласман во 1/4 финалето од Челинџ купот.

ЖРК Вардар јуниор: Белмезова, Прленда 2, Петровска, Стојановска 2, Трпковска 3, Ѓорѓиевска, Николовска 1, Митова 4, Бојаџиска, Ладева, Нолевска 9, Велкова, Џини, Керамитчиева 9, Мишевска, Гичевска.