Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Жрк Вардар победија во “сестринското финале “ со Вардар јуниор
Кадетките на Жрк Вардар победија во “сестринското финале “ со Вардар јуниор

Кадетките на Жрк Вардар победија во “сестринското финале “ со Вардар јуниор

Денес во С.р.ц “Кале“ се одигра финалето во кадетска конкуренција на женскиот дел од турнирот “Вардар -еден живот, една љубов“. Во финалето за ракометарки од генерацијата 2000/01 се сретнаа двете  кадетски екипи на Вардар, предводени од тренерот Анжела Платон Рк Вардар и Рк Вардар Јуниор. Екипата на РК Вардар го победи Јуниор со резулат 23-11. На полувреме од мечот на семафорот беше  резулатот 12-5.

На почетокот од првиот дел се почна со внимателна игра во одбраната на двете страни, први ’мразот го скршија“ со погодок РК Вардар. По тоа следеше серија од 0-7 за девојките кој беа предводени од клупата од Анжела Платон за убедливи 0-8. Девојките на Јуниор иако се трудеа неуспеваа да реализираат.  Вардар јуниор на денешниот меч беа од клупата предводени од помошникот на Платон, младиот тренер Александра Кузмановска. По 7-8 минути игра падна првиот гол во мрежата на кадетките на  Жрк Вардар, јуниор конечно успеа да погоди. Избраничките на Платон  зголемија на 9-1 во следниот напад, но девојките од Јуниор се издигнаа во средината на првиот дел и заиграа подобро во одбраната. Тие направија серија 3-0 и го намалија резулатот на 4-9. Кадетките на Вардар недозволија да се стопи нивната тешко создадена предност па по тајмаутот повикан од нивната клупа тргнаа да ја вратат својата предност. Направија серија 3-1 за на одмор да се замине со 12-5.

Вториот дел Платон и Кузмановска го почнаа со дузина нови ракометарки давајќи им шанса на дел од ракометарките кои беа во првиот дел на  клупата.  Кадетките на Јуниор веднаш тргнаа да ја вратат неизвесноста во мечот тие намалија во првиот напад на 12-6, а во следниот и на 12-7. Во следните  минути двете екипи погодија по двапати во противничките мрежи за резулат 14-9. Платон направи додатни измени кој ја освежија екипата и следеше нова серија 4-1 за резулат на 18-10 со што се наговести победникот на овој финален дуел. Во следниот напад успеаа кадетките на Вардар јуниор да постигнат гол за 18-11, што се покажа како последен за нив. По што следеше следеше финалната серија на кадетките на Вардар од 5-0 за 23-11.

Најдобри стрелци кај ЖРК Вардар беа : Диневска со 8 гола, Цветковска 5 пати погоди, Нелоска стрелаше 4 пати. 
Кај тимот на Жрк Вардар Јуниор најдобар стрелец беше Трпевска со 8 гола.