Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки високо поразено од Будуќност во Подгорица
Вардарки високо поразено од Будуќност во Подгорица

Вардарки високо поразено од Будуќност во Подгорица

Денес Вардар гостуваше кај европскиот и црнагорски шампион во меч од Л.Ш. За жал повторно сме поразени овој пат доста високо од Будуќност во Подгорица.  Резулатот на крајот 31-19 е вистинско разочарување,  особено ако се знае дека имавме амбиции денес да изненадиме.

Првиот дел почна со резултатска симетрија по првите 5-6 минути резулатот е 2-2. Во наредните 12 минути следи лош период за избраничките на Индира Кастратовиќ домаќинките прават серија 6-0 во 18 минута резулатот е 8-2. Вардарки се враќаат во игра со серија 0-3 и со голот на Лекиќ од пенал во 20сетата минута резулатот е 8-5. Во наредните 7 минути домаќинките постигнуваат 4 гола, а ние само 2 и ја зголемуваат разликата на 12-7. Вардарки се обидуваат да го намалат водството на Будуќност ама за жал не успеваат, на полувреме идеме со уште поголема негатива од минус 8, со резулат 16-8. Вториот период почнува со по еден гол во двете мрежи, а по пеналот над Кликовац Вардар намалува на 17-10. Вардарки се во налед даваат уште 3 гола Сокач стрела од пенал. Во 38 минута резулатот е 17-13 што ветува во тој момент убав период за вардарки. Домаќинките во продолжение прават серија 6-4. Вардар намалува на 23-18 во 45 минута следаат две минути без гол на двете страни. Преку Сокач од пенал во 48 минута намалуваме на 23-19, а Суслина брани кај нас со што и два прилика на колешките да намалат на минус три.  Вардарки промашуваат две прилики во дванапада едноподруго не ја користат помошта од Суслина. Европскиот шампион ни ја покажува својата сила погодува двапати по ред и ни се одлепува на шест гола, на 7 минути до крајот резулатот на семафорот е 25-19. Ждереќ е фанстастична на голот на Будуќност реди интервенции со кој ги фрла во очај црвено-црните. Нови 4 гола во нашата мрежа домаќинките одат на плус 10 во 27 минута резултатот е 29-19. Вардарки се во агонја Ждериќ брани по 20 пат, а домаќинките зголемуваат за уште 2 гола крајниот резулат е 31-19.

Кај нас најдобри стрелци беа : Сокач со 5 гола, Кликовац 4, Пенезиќ со 3 и Дамјановиќ постигна 2.