Вчера во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански стартуваше и последниот завршен турнир за оваа сезона во ракометната Вардар Јуниор лига. Вчера се одиграа полуфиналните натпревари во женскиот дел, кај генерациите родени 2003/04 по кој екипите на РК Шампион од Скопје и РК Делчево Вардар обезбедија меѓусебно финале денес.
