Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Хмирова и покрај црвениот картон има право на настап во финале со Ѓер
Хмирова и покрај црвениот картон има право на настап во финале со Ѓер

Хмирова и покрај црвениот картон има право на настап во финале со Ѓер

Русинката во нашиот состав Татјана Хмирова ќе биде во конкуренција за денешното долгочекувано прво вардарово финале на ЛШ против Ѓер. Таа ќе биде на располагање на Дибирова  и покрај црвениот картон што го доби вчера на средбата со ЧСМ Букурешт во полуфиналето на Ф-4 завршниот турнир.

Судиската двојка  по доделувањето на црвениот картон на Хмирова Татјана веднаш и покажаа и син, и следуваше дополнителен извештај. Според пропозициите по разгледувањето на видео снимката и извештајот на судиите за ситуацијата, ЕХФ реши дека  нема да покрене никаква дополнителна дисциплинска постапка против играчот на Вардар со што автоматски добивме прилика денес да ја гледаме Хмирова во составот.

 Натпреварот со Ѓер, денешното историско прво црвено-црно финале  е закажан со почеток во 17-45 часот, од овој натпревар како и вчера може да се следи пренос на МТВ-1.