Долгогодишниот бек на ЖРК Вардар, девојката која од пионерска до сениорската лига беше дел од црвено-црните, Галевска Марија го напушти вардаровиот тим и смени средина. Пред еден месец патиштата нејзини и на клубот се разделија, па средниот бек побара нов предизвик.
Од есен таа ќе биде дел од Овче Поле Славјански Универзитет, тимот од Свети Николе кој минатата сезона ја заврши како лидер на плеј-оф табелата и има сериозни амбиции за оваа сезона.