Младинската женска селекција успешно ја одработи втората фаза од подготовките во Маврово. Тие во истата минаа десеттина дена во подготовки за претстојниот ЕХФ W19 2019 Шампионат. По завршување на истите експедицијата се врати во Скопје, каде следеше краток одмор.
Тие утре, понеделник, 8.јули заминуваат за Босна и Херцеговина каде ги очекува тест дуел со врсничките од оваа земја. Ова ќе биде генералка пред заминувањето на шампионатот. По одигрување на контролката девојките се враќаат за Скопје од каде ќе патуваат за Литванија.
ЕХФ W19 2019 Шампионат ќе се игра во Литванија од 15.07 до 21.07.2019. Младинската репрезентација на Македонија е во групата Б заедно со репрезентациите на Грузија, Швајцарија и Литванија. Овие подготовки ги одработуваат пет девојки од ЖРК Вардар, станува збор за пикерот Ивана Џатевска, голманот Илиќ Андреа, потоа крилото Ивона Трпевска и двата бека Ана Марија Божиновска и Андреа Седлоска.