Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор утре гостува кај Овче Поле
Вардар јуниор утре гостува кај Овче Поле

Вардар јуниор утре гостува кај Овче Поле

Викендов на програмата во македонската женска Супер ракометна лига е новото, десето коло. Во истото избраничките на Симе Симовски екипата на ЖРК Вардар Јуниор игра како гостин. Ние гостуваме кај екипата на ЖРК Овче Поле.

Нашиот противник од Свети Николе е “фенерџија“ во женската лига, тие се наоѓаат на последното 8-мо место на табелата. По одиграни девет кола имаат само една победа со што се заковани на дното. Ние сме на 5.место со четири победи, две нерешени и три порази и имаме 14 бода со што сме во групата екипи кои претендираат за вице-шампионската позиција веднаш зад првиот наш тим. Ние сме фаворитки на овој дуел, на првиот натпревар сезоната во Скопје дојдовме до победа со високи 39:23.