Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Цвијиќ: Би сакала да и се заблагодарам на публиката која ја наполни салата и би сакала иста атмосфера да ја имаме и во јануари и февруари кога ќе продолжиме со натпреварите во следната фаза
Цвијиќ: Би сакала да и се заблагодарам на публиката која ја наполни салата и би сакала иста атмосфера да ја имаме и во јануари и февруари кога ќе продолжиме со натпреварите во следната фаза

Цвијиќ: Би сакала да и се заблагодарам на публиката која ја наполни салата и би сакала иста атмосфера да ја имаме и во јануари и февруари кога ќе продолжиме со натпреварите во следната фаза

Вардарки со максимални 12 освоени бодови ја завршија првата групна фаза и го освоија првото место на табелата во групата Ц. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, избраничките на Дибирова убедливо ја совладаа екипата на Турингер со резултат 29:21. По натпреварот Цвијиќ и Дибирова истакнаа:

„Не би зборувала за натпреварот. Доста покажавме низ овие 6 натпревари. Би сакала да и се заблагодарам на публиката која ја наполни салата и би сакала иста атмосфера да ја имаме и во јануари и февруари кога ќе продолжиме со натпреварите во следната фаза” – рече Цвијиќ. 

Тренерот на ЖРК Вардар пак, Ирина Дибирова истакна задоволство од играта на сите девојки.

„Многу се подготвувавме за тактиката 7 на 6. Во првото полувреме менувавме играчи за да можеме да играме на квалитетно ниво во текот на сите 60 минути. Задоволна сум што ги освоивме сите 12 бода во групата” – истакна Дибирова