Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ангела Гроздановска: Бев селектирана од настапите во “Јуниор“ лигата, нашиот успех се должи на напорната работа и вербата во себе
Ангела Гроздановска: Бев селектирана од настапите во “Јуниор“ лигата, нашиот успех се должи на напорната работа и вербата во себе

Ангела Гроздановска: Бев селектирана од настапите во “Јуниор“ лигата, нашиот успех се должи на напорната работа и вербата во себе

Ангела Гроздановска е дел од кадетската и младинската екипа на Вардар Јуниор, која оваа сезона се натпреварува во две возрасни категории. Есенскиот дел од сезоната го завршија на првото место во кадетската лига и како вицешампиони во младинската лига. Ангела настапува на позицијата десен бек и успеа да постигне 14 голови за кадетките во првиот дел од сезоната. Нејзина “отскочна даска“ е Јуниор лигата преку која Ангела успеава да се избори за место во младинските екипи на Вардар.

-Желбата за овој спорт ја имав од мали години кога гледав ракомет на телевизија. Првиот мој  тренинг беше во ракометната школа Велкова 5. Потоа преминав во РК ОПШ. Кисела Вода каде настапував во “Јуниор“ лигата. Најзаслужен за моето преминување во Вардар  е мојот поранешен тренер, Влатко Котески кој ме прати на тренингот на кој не селектираа стручните лица од Вардар. Токму јас бев избрана да настапувам за младинските екипи на Вардар, клуб во кој сум веќе две години.

27781208_992413090934868_1395816491_n

Истава генерација минатат сезона успеа да ја освои пионерската лига и да станат единствената екипа од Вардар која успеа да стане шампион во својата лига.

-Според мене освојувањето на пионерската лига се должи на напорна работа и голема концентрација за време на натпреварите во текот на целата натпреварувачка сезона. Вербата во себе дека можеме да станеме шампиони беше пресудна на завршниот турнир, кога во спортската сала во населбата Автокоманда во големото финале ја победивме екипата на Металург. Според прикажаната игра во текот на целата сезона мислам дека заслужено успеавме да го освоиме трофејот во лигата. 

Нивни тренер е познатата Драгана Ристова-Пецевска која во својата играчка кариера настапуваше за екипите на Кометал Ѓ.П, Будуќност, Вардар и други клубови. Сега успешно работи како тренер во младинските екипи на Вардар.

-Драгана е одличен тренер секој тренинг со неа учам нешто ново.Таа има многу голем удел во нашиот успех овие две години. Тренинзите со неа добро се одвиваат секој тренинг е по интересен и од секој тренинг учиме многу, таа ни ги префрла нејзините знаења.

761-660x330

Екипата имаше можност да биде дел од силни меѓународни турнири, каде се натпреваруваа со повозрасни тимови. Сон на Ангела е еден ден да биде дел од првиот тим на Вардар.

-Двата трурнира во Белград и Метковиќ беа за нас успешни сооглед на тоа дека девојчињата беа доста постари од нас. Го дадовме тогашниот максимум и имавме голема желба да ги освоим. Мојот сон и желба е еден ден да заиграм за првата екипа на вардар заедно со моите идоли.

Звонко Ивановски