Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Уште еден нов триумф за ЖРК Вардар кој го доближи до првото место во групата, победи и за Мец и Будуќност
Уште еден нов триумф за ЖРК Вардар кој го доближи до првото место во групата, победи и за Мец и Будуќност

Уште еден нов триумф за ЖРК Вардар кој го доближи до првото место во групата, победи и за Мец и Будуќност

Изминатиов викенд се одигра второто коло од главната рунда, во женската лига на Шампиони. Вардар стигна до нов триумф, а победничко коло во новоформираната група 2 имаа и екипите на Мец и Будуќност.

Вардарки стигнаа до нова победа, вкупно осма од толку одиграни мечеви во Лигата на Шампионите. Битигхајм беше рамноправен противник само во првото полувреме, кога црвено-црните исто така имаа предност, која најмногу достигна и до пет гола, но на одмор немавме резултат кој ни гарантираше триумф (14:16). Сепак на самиот старт на вториот дел со серија од три погодоци ги вративме петте голови разлика и потоа се функционираше во нашата игра. “Погубна“ беше тактиката на противничкиот тренер да игра без голман во напад, а црвено-црните како на тренинг го полнеа голот на германките. Имавме и двоцифрена предност (20:30), која до крајот само се зголеми, за конечен резултат од 26:38. Најефикасни во нашиот состав беа Пенезиќ и Цвијиќ со по 8 голови, додека кај домачинот, Роземален и Лаунрот постигнаа по 7.

Будуќност во својата сала “Морача“ стигна до првиот триумф, во главната рунда, откако убедливо ја совладаа екипата на Турингер. Противникот од Германија прв го отвори резултататот, но следеше серија на домашниот тим од три голови, за да има водство од 3:1. За момент намали Турингер, за Будуќност со нова серија од 6:1, во 13 минута од првит дел да има солидна предност од 9:3.Избраничките на Драган Аџиќ имаа лош период, кога цели шест минути не постигнаа гол, што го искористи противникот за да ја преполови негативата на 12:9. Оваа позитива ја имаа и по истекот на првите 30 минути, кога на одмор се замина со резултат 15:12.

vardarfans-buducnost

Оваа разлика беше активна и по пет минути игра, за Будуќност да го направи решавачкиот чекор кон победата. Тие постигнаа седум последователни голови и набрзина стигнаа до двоцифрена предност од 24:14. До крајот на натпреварот шампионот на Црна Гора немаше проблеми да ги запише првите бодови во оваа фаза, вкупно шест на нивното конто. Кај победникот се истакна Маловиќ со 7 голови, додека кај Турингер најдобра очекувано беше Лузумова која постигна 8 голови.

Во борбата за второто место на табелата, екипата на Мец на домашен терен беше подобра од ФТЦ Будимпешта. Во најголем дел од мечот французинките имаа водство и контрола на резултатот. Нивната добра одбрана која го краси овој тим, се покажа на крајот како решавачка за освојување на двата бода. На полувреме исто така имаа водство од три гола разлика (13:10). Иако на моменти во второто полувреме, унгарските се доближуваа и до два гола негатива, сепак немаа сила за резултатски пресврт. На крајот победа за Мец, изразена со резултат 27:25. Така Мец останува единствен конкурент на Вардарки за првото место на табелата, додека за оваа позиција шансите за ФТЦ се минимални и најверојатно тие до крајот ќе се борат за позиција од 2-4 место на табелата. Репрезентативката на Словенија, Ана Грос го предводеше Мец, со 10 постигнати голови, додека на спротивната страна најефикасна беше Лукач, со 7 погодоци.

Како изгледа табелата во групата 2, после одигрување на ова коло:

1. Вардар 12

2. Мец 8

3. ФТЦ 6

4. Будуќност 6

5. Битигхајм 2

6. Турингер 2

Двојките за следното трето коло од главната рунда се:

Вардар – Будуќност

ФТЦ – Битигхајм

Турингер – Мец