Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Симона Грујовска: Одигравме храбро, борбено и зрело против повозрасните и поискусните противнички кои влегоа како фаворити на овој меч
Симона Грујовска: Одигравме храбро, борбено и зрело против повозрасните и поискусните противнички кои влегоа како фаворити на овој меч

Симона Грујовска: Одигравме храбро, борбено и зрело против повозрасните и поискусните противнички кои влегоа како фаворити на овој меч

Изминатиов викенд стартуваше новата сезона во женската супер лига. Премиерен настап имаа и девојките од ЖРК Вардар кои во првото коло се сретнаа со екипата на Куманово. Натпреварот се одигра во големата сала на С.Ц. Јане Сандански и по голема борба натпреварот заврши со нерешен резултат 30:30. Младите вардарки беа подобрата екипа на теренот и имаа постојана предност уште од првата минута, па се до самиот крај кога во последните пет секунди, противникот пресече една наша топка и успеа да го израмни резултатот. Избраничките на Симовски и Пецевска одиграа маестрален натпревар, борбено до самиот крај. Во првото полувреме на голот ја имавме одличната Симона Грујовска, која со своите двоцифрен број на одбранети удари ја одржуваше преднсота на Вардар. Таа за за нашиот сајт ги сподели впечатоците од првиот меч на новиот Вардар во супер лигата.

-Натпреварот со Куманово беше квалитетен и интересен меч полн со неизвесност до самиот крај. Одигравме храбро, борбено и зрело против повозрасните и поискусните противнички кои влегоа како фаворити во овој меч. Иако младоста и неискуството имаа удел во конечниот резултат, сепак не можам да кажам дека беа пресудни за конечниот исход од овој дуел.

10

Грујовска беше една од најзаслужните за стекнатата предност во првото полувреме со оглед дека имаше одбрането и зицер удари. Во вториот дел успешно беше заменета од Јована Трајковска.

-Задоволна сум од мојата игра иако секогаш може подобро како што вели тренерот за голмани Александар Царчев, кој е најзаслужен за мојот напредок и мојот досегашен успех. Од нас како екипа може да се очекува тимска игра, борбеност, упорност и истрајност во текот на сите натпревари од Супер лигата, како и во натпреварите од младинската лига.

vardarfans-zrk-vardar

Звонко Ивановски