Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Женската сениорска лига ќе се игра во 2.групи, ЖРК Вардар е дел од „Б“-групата
Женската сениорска лига ќе се игра во 2.групи, ЖРК Вардар е дел од „Б“-групата

Женската сениорска лига ќе се игра во 2.групи, ЖРК Вардар е дел од „Б“-групата

 Ракометната федерација на Македонија одличи кај дамите во сениорската лига да има две групи, денес во просториите на федерацијата беа  извлечени групите пред стартот на новата сезона во Женската лига.

Остануваат 13-те тима кои играа лани, нови сениорски колективи се екипите на  Астибо Штип и Феникс Битола. Начелно првото коло  е закажано да се  игра на 18/19 септември.

Во групата А и групата Б, ќе се одиграат по 14 кола во систем дома-гости во регуларниот дел. Најдобрите четири од двете групи формираат плеј-оф група, додека останатите ќе играат во плеј-аут. Во плеј-оф и плеј-аут се пренесуваат бодови од 4 до 1 во зависност од позицијата во регуларниот дел, а ќе бидат одиграни дополнително уште 14 кола по системот дома-гости. Вардар е во групата „Б’

Група Б: Вардар, Металург, Стружанка, Спартак, Овче Поле СУ, Ѓорче Петров, Астибо

Во другата група „А“ се тимовите на: Куманово, Чаир, Деспина, Гевгелија, Пелистер, Шампион, Кузман Вардар, Феникс