Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Камила Херем: Дојдов во Вардар за да ја освојам лигата на шампиони

Камила Херем: Дојдов во Вардар за да ја освојам лигата на шампиони

ЖРК Вардар во новата сезона ќе има и скандинавски “шмек“ во името на Камила Херем, која ќе биде првата ракометарка од Норвешка која доаѓа да игра во Македонија. Нејзината биографија е полна со медали од европските и светски првенства на репрезентативен план, како и освоени први места со екипите во која настапувала. Во интервју за официјланата страна на клубот, Херем говори за нејзиното доаѓање во Вардар, прилагодувањето во новата средина, кои се нејзините амбиции со црвено-црните и дали четврттата среќа може да биде клучна за Вардар да ја освои европската титула.

-Времињата се менуваат и мислам дека е добро да се проба нешто друго во животот. Играв во Норвешка до 27 години, а потоа сакав да пробам нешто ново. Вардар е професионален клуб, и лигата на шампионите е многу важна за мене. Тука има многу добри ракометарки, и за мене е одлично. Тренирам со некои од најдобрите играчи во светот, играм против некои од нив на тренинг, и им шутирам на некои од најдобрите голмани во светот. Што друго можам да побарам.

Херем има само позитивни впечатоци од претстојот во Скопје и новиот клуб, со кој како што вели сака да ја освои лигата на шампиони.

-Лигата на шампионите. Сакам да ја освојам. И сакам да тренирам добро и со најдобрите играчи. Салата е исто така одлична. Имаш се што ти треба на едно место. Никогаш досега не сум играла тука, но слушам дека луѓето што доаѓаат да ги гледат мечевите прават одлична атмосфера и многу бучава, и го подржуваат тимот. Го сакам тоа. Му дава на тимот многу енергија кога слушаш како луѓето навиваат за тимот. Не ме прашуваа многу за доаѓањето бидејќи сите знаат колку добар тим е Вардар, и знаат кои се моите цели. Сметам дека изборот ми е добар, иако сум тука само една недела, сите девојки се добри, имам одличен тренер и се е на високо професионално ниво. Тоа е многу важно за мене.

Вардар одигра два контролни натпревари со Ларвик на кои забележа победа. Херем имаше можност да игра против некои од нејзините соиграчки во репрезентацијата на Норвешка.

-Беше забавно да се игра против Ларвик. Ги познавам многу добро. Немав триумф против нив од Купот во 2007 година, а сега два меча по ред, тоа беше навистина специјално за мене. Иако станува збор за пријателски натпревари. Знам дека имаме силем тим, многу добри ракометарки што ги респектирам. Задоволна сум што во септември ќе тренираме заедно, што ќе не направи уште посилни.

Во новата сезона, нашиот ракометен шампион ќе има нови играчи на позицијата лево крило. Замените за Дембеле и Зебиќ ќе бидат токму Херем и Мавсар која дојде од екипата на Крим.

-Секој добар тим има повеќе добри играчи, па тоа не треба да биде различно ниту со мојата позиција. Ги респектрам сите играчи во тимот. Мислам дека Тамара е добар играч, исто како и другите девојки во екипата. Најважно е да бидеме добри соиграчи на позицијата лево крило, да си помагаме во тренирањето и да разговараме меѓусебе ако гледаме дека на некој начин можеме да си помогнеме. Сите имаме иста заедничка цел. Притисокот е нешто што може да те направи посилен ако ја користиш коректно енергијата. Мислам дека сите се навикнати на некој притисок, било тоа да е клуб или репрезентација. Се додека не го одвлекува вниманието од важните работи, сметам дека сите играат подобро со притисок.

Нова сезона за Вардар во ЛШ, но амбициите остануваат исти, а тоа е освојување на титулата во најголемото ракометно натпреварување.

-Тешка група, како и што треба да биде, но ние треба повеќе да мислиме на самите нас, а не за другите екипи. Ако играме добро, и даваме 100 отсто на секој меч и секоја секунда, ќе биде навистина тешко некој да не победи, без разлика кој е на другата страна од теренот. Имам многу доверба во тимот и тренерот, и се надевам ќе ја оствариме заедничката цел.