Довчерашната вардарка, белоруската репрезентативка Дијана Илина, од следната сезона ќе биде дел од романскиот тим Дунареа Браила. Поради малата минутажа таа се реши да го напушти европскиот вице-првак, нашиот женски тим Вардар по крајот на сезоната.
Илина помина една сезона во нашиот тим, сепак не успеа да се наметне со своите настапи и да обезбеди место во екипата. Таа постигна само 3 голови во ЛШ, со единствениот гол против Турингер влезе во Топ-5 изборот за најубави голови на ЕХФ. Таа е 21-годишната ракометарка, која за најдобрата сениорска селекција на својата земја дебитираше на 17 години, таа во нашите редови дојде од Руската екипа Астраханочка.