Кадетките на Жрк Вардар предводени од Благојче Весиќ и Билјана Пецевска го освоија првото место во својата категорија на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“ во организација на ракометниот клуб Вардар.
Резултатите кои ги постигнаа се следниве:
1.ЖРК Вардар-Рк Вардар ДБ 20:0
2.ЖРК Вардар-Рк Илинден Вардар 18:2
ФИНАЛЕ:ЖРК Вардар-Рк Велкова 5 15:10
-Мило ми е и многу сум среќна што нашиот клуб го организира овој турнир. Турнирот беше на вискоко ниво се играше фер и коректна игра. Мислам дека сите тимови-играчи беа задоволни.На крајот сепак победи најдобриот.
Во однос на мојата игра не сакам многу јас самата да зборувам. Задоволна сум. Имаше мали грешки на кои ќе работам, ќе ја подобрувам играта за да успеам во својата посакувана цел.
Токму Ива Божиноска ја понесе наградата за најдобар среден бек на турнирот.
-Бев пријатно изненадена од наградата.Секојдневно тренираме и се трудиме. На секој тренинг максимално сум сконцентирана, затоа што наградите се добиваат на тренинзите, а на натпреварите заслужено ги земаме. Посветени сме на ракометот секогаш се трудам и моето место никогаш нема да биде покрај оние кои незнаат за победа ниту за пораз,изјави Ива Божиновска за нашиот сајт.
19.01.2015
Звонко Ивановски