Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристова: Сите девојки работат максимално мотивирано; Диневска: „Храбрите срца“ и искуството од лани се наша предност
Ристова: Сите девојки работат максимално мотивирано; Диневска: „Храбрите срца“ и искуството  од лани се наша предност

Ристова: Сите девојки работат максимално мотивирано; Диневска: „Храбрите срца“ и искуството од лани се наша предност

Веќе една недела ЖРК Вардар ги одработува летните подготовки во Скопје, половина од тимот ги започна истите, додека останатата половина поради ангажираноста на ЕХФ Шампионатот во Италија за девојки до 17.години на крајот од неделава ќе се стави на располaгање. Тренер на црвено-црниот тим ќе биде Драгана Ристова, поранешната македонска репрезентативка и успешен тренер во младинските конкуренции. Лани во првата сезона на овој тим во сениорска конкуренција работеше како помошник, дел од сезоната пропушти поради принова во семејството. Таа за подготовките вели:

d4

Добро работиме, девојките се фокусирани на исполнување на задачите кои им ги задаваме. Имам на располагање 11 девојки, дури 4 од нив се враќаат во тимот по хирушки интервенции. Важно е што сите можат да тренираат,  работиме повеќе на техника со нив со цел да се вратат целосно во форма која е потребна за исполнување на задачите оваа есен. Девојките, повредените и останатите со кој работиме се трудиме да ги подготвиме кондиционо, а веќе на 17.август ни се приклучуваат ракометарките кои беа во Италија по краток одмор кој го имаат. Добро е тие што ни недостигаат го имаат минато „базичниот дел“ па ќе добиеме подготвени девојки на тренинг. Кога ќе го имам целиот ростер на располагање, како што веќе и истакнав ќе биде полесно да се добие „мозаикот“ на тимот со кој ќе настапуваме оваа сезона. Задоволна сум што начелно сите се здрави и ќе ми бидат на располагање, долгата клупа ќе донесе можност за ротации и поголема динамика во натпреварите кои не очекуваат на најмалку три фронта оваа сезона.

d3

Кормиларот на црвено-црните оваа сезона прв пат ќе биде прв тренер во Суперлигашката, сениорска конкуренција. Шефот на стручен штаб со големо ракометно искуство како играч се впушта во нов предизвик, сепак голема предност е тоа што долги години овој тим го предводи и го селектираше уште од пионерските денови.

Кога сум кај очекувањата, единствена и пририотетна цел ни е да бидеме Шампиони на Македонија.  Покрај тоа секако ќе одиме на врвот и во младинската лига и Купот. Најважно ми е да бидат девојките фит, да се подготвени и здрави, да не не мачат повредите со што значајно ќе ги зголемиме нашите шанси за успех. Знаеме како до врвот, само треба да се држиме до зацртаните цели и програми кои ги имаме за престојата сезона и ние и нашите девојки. Оптимиста сум како и секогаш во мојата кариера, играчка и тренерска. Јас долго сум со овие девојки, ги познавам и имам голема верба во нивните квалитети, останува тие да вратат со квалитетна игра на теренот на взаемно задоволство- вели Ристова.

d-2

Капитен на ЖРК Вардар, е Бојана Диневска девојка која го водеше тимот и минатитата сезона до „среброто“ во Купот и двете третти места во Супер лигата и младинската конкуренција.  За подготовките од која таа е дел, заедно со остатокот од тимот кој веќе ги започна таа вели:

Летните подготовки се во полн ек, истите започнаа може да констатитам одлично. Не сме комплетни од добро познати причини, сепак се работи со високо темпо иако не сме во моментов целосни како  екипата. Она што посебно радува е атмосферата која ја забележувам, девојките „гризаат“ на тренинзите. Дополнителен позитивен имплус за тимот е тоа што и повредените играчи се вратија во „строј“. Може слободно да кажам дека ни прија  овој ритам, ние  имаме по два тренинзи на ден. Се подготвуваме  кондиционо, воедно   во исто време имаме и тренинзи со топка.  Ни останува уште мал дел од подготовките во ваков состав, за неколку дена ќе  се собере цела екипа. Тоа ќе ни донесе дополнителни можности за работа со топка, комбинаторика, увежбување на акциите и подигнување на формата пред самиот почеток на сезоната. Секоја девојка дава 100%, нештедејќи се себе, ова е екипа полна елан и самодоверба, се надевам бенефитот од овој труд ќе се рефлекира на  резултатски план.  Оваа е екипа на борци, тоа е она што посебно влева оптимизам во нашите редови.

Капитенот ни ги соопштува и очекувањата за новата сезона која започнува веќе идниот месец, септември. Таа ја потенцира тимската хемија, а за крај дава ветување во име на тимот дека од црвено-црните девојки може да очекуваме безпоштедна борба, нешто на што не навикнаа,  како што и прикажаа изминатата сезона во сите конкуренции.

d2

Се надевам дека оваа сезона ќе ја завршиме уште подобро од изминатата, очекувам да одиме чекот погоре на табелите односно ќе го нападнеме врвот. Веќе сме поискусни, ова е втора година во Супер лигата на некои од нас и трета.  Еднаш реков, на секој меч секоја од девојките дава максимум, нивните очи горат за победа, тоа е голем квалитет да се има такви соиграчи. Треба само сериозно и професионално да го одработуваме секој тренинг, верувам дека тоа е формула за успехот, секако ако даваме максимум и на секој меч. Очекувам да ни се сложат коцките, онака како посакуваме и да се вивнеме кон врвот. Конкуренцијата е засилена, но па ние сме Вардар, така да нема предавање, ќе „маршираме“ само напред смело, сплотени, една до друга како што ни доликува. Оваа сезона,  тимот ќе го предводи Драгана Ристова, тренер кој со повеќето од моите  колешките е од самиот нивни почеток во Вардар, тоа ќе ни донесе голема кохезија како колектив. Секако  тука се и Билјана Црвенковска  која полека се запознаваме и супер ни оди соработката со неа и нашиот Цаки (Александар Царчев) кој е задолжен во тимот за  голманите. Како капитен бидејќи инсистирате да дадам „ветување“ како ќе одиграме сезонава, велам дека заедно со моите девојки ќе пробаме да дадеме максимум, ќе се бориме беспоштедно и верувам и се надевам дека плод на сето  тоа ќе  го обоиме во „црвено-црна“ боја големиот пехар за шампиониот-завршува капитенот Диневска.

Михајло Тушевски