Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар јуниор победи на гостувањето кај Куманово
ЖРК Вардар јуниор победи на гостувањето кај Куманово

ЖРК Вардар јуниор победи на гостувањето кај Куманово

Нашите млади ракометарки од ЖРК Вардар јуниор денес по крајот на паузата заради репрезенативни обврски го имаа вториот меч во женската Супер лига. Тие во рамки третото коло од единствената домашна лига (првото беа слободни) гостуваа во Куманово кај истоимениот ракометен женски тим каде ја остварија својата втора победа сезонава . Нашите девојки ја имаа фаворитската улога  која и ја оправдаа со победата од 27-32 на овој дуел, а на полувремето резулатот беше 12-19.

Нашите девојки на гостувањето во Куманово уште од првата минута ја преземаа иницијативата и водството кое успееа да го задржат во текот на целиот меч. “Јуниорките“ речиси цело прво полувреме имаа водство од пет гола позитива, од 3-8 кога првпат дојдоа до него па се до финишот на полувремето. Сепак на крајот од првиот дел  по неколку добро одиграни акции во одбрана успејавме на полувреме да отидеме со 7 гола предност, резултатот на семафорот беше 12-19 за црвено црните девојки. По одморот тренерот на тимот Симе Симевски реши да даде поголема шанса на играчите од клупата, ова донесе до пад во нашата игра и обид на домаќинот да се врати на активна негатива. Домашните намалија на 21-24, но нашите девојки недозволија да се загрози победата која ја градеа целиот меч и со серија 0-4 за црвено-црните ја вратија позитивата од полувремето “7 плус“, односно резулатот во тој  момент беше 21-28. Докрај нашите млади девојки рутинирано го водеа мечот кон мирен финиш домаќините беа немоќни за нешто посериозно, единствено за нивна утеха е тоа што намалија на 5 гола негатива прад судиите да означат крај на овој меч.

ЖРК Вардар јуниор: Белмезова 1, Прленда 3, Петровска, Стојановска 5, Трпковска 6, Николовска, Митова 4, Бојаџиска, Ладева, Тодоровска 3, Нолевска 5, Велкова, Трајчевска, Џини 1, Керамитчиева 4, Гичевска.
Седмерци: 5/7
Исклучувања: 10 мин