Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес Жрк Вардар! Радичевиќ: Ова не е ни “В“ од Вардар, Индира: Нема изговори, мора да победуваме во иднина
Прес Жрк Вардар! Радичевиќ: Ова не е ни “В“ од Вардар, Индира: Нема изговори, мора да победуваме во иднина

Прес Жрк Вардар! Радичевиќ: Ова не е ни “В“ од Вардар, Индира: Нема изговори, мора да победуваме во иднина

По мечот во ЕХФ лигата на шампионките со унгарски Ѓер се одржа стандардната прес-конференција за медиуми по крајот на дуелот. На истата покрај гостинскиот тренер и една од најдобрите поединки на гостите  пикерот Хајди Локе присуствуваа и шефот на стручниот шраб на црвено-црните девојки Индира Кастраовиќ и Јованка Радичевиќ.Тренерот на вардарки го изјави следново:

-Честитки за победата на гостите кои денес покажаа како се игра тимски. Такво нешто не може да се каже за нашиот тим денес. Се надевам дека сево ова е  лош ден за моите девојки. Очекувам во  наредните натпревари ќе биде се подобро и она изработеното и договореното на тренинзите ќе може да го реализираме на терен. Сите со нетрпение го чекавме старот на  Л.Ш и затоа нема оправдување за денешниот пораз. Им благодарам на присутната публика на денешниот дуел. Немаме  изговори треба да се  подобриме и од меч во меч да одиме во победа. -Изјави Кастратовиќ.

Црнагорската интернационалка во нашите редови Радичевиќ која најави на прес-конференцијата пред мечот  дека и ако Ѓер е силен тим во Скопје она и нејзините колешки ќе одат на победа, разочарана од играта и резулатот го изјави следново :

Најпрво честитки на екипат на Ѓер за добрата игра и  победата. Нема што да се каже за едно вакво лошо издание, ова не е беше ни “В “од Вардар. Постоеше желба кај нас, но некои работи уште од почетокот не тргнаа како што требаше настанаа конфузија во играта, но не дека бараме алиби. Треба да се консолидираме и да одиме на победа со  Хипо следниот недела. Публиката е разочарана , но ако ова мораше да се случи нека е сега на почетокот, да извлечеме поуки и закчучок за во иднина- рече Јованка Радичевиќ