Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Челинџ куп! Вардар јуниор во последна фаза од подготовките за мечевите со Војводина во сабота и недела
Челинџ куп! Вардар јуниор во последна фаза од подготовките за мечевите со Војводина во сабота и недела

Челинџ куп! Вардар јуниор во последна фаза од подготовките за мечевите со Војводина во сабота и недела

Младите вардарки предводени од Симе Симовски ги одработуваат последните тренинзи пред двомечот со српскиот преставник во Челинџ купот екипата на Жрк Минаква Војводина. Тие се подготвуваат  и ја темпираат својата форма за во сабота и недела да ги “нагостат“ во С.Ц Јане Сандански србинките во двомечот кој е осминфинале од овој европски ракометен куп. Младите вардарки кои вредно работат во изминатиот период ќе се обидат да отидат чекор понапред и да испишат нова етапа од нивната историја,  како најдобра нивната  европска сезона.

 Вардар Јуниор во фазата на подготовките одигра дома во Јане Сандански и два пријателски меча со шестопласираната екипа во романското првенство Крајова, на кои не успеа да победи, но истите беа важни за воигрување на тимот и стекнување на искуство во дуели со екипи од други првенства. Девојките на Жрк Вардар јуниор претходно го  елиминираа  британскиот тим Лондон во 1/16 финалната рунда  од  Челинџ купот, во која исто така двата меча се одиграа во Скопје. Како и англичанките така и србинките решија двата меча да ги играат овде кај нас во Јане Сандански. Причината за ваквиот договор е желбата на обете екипи  за да заштедат време и финансиски средства. Како што е предвидено во ЕХФ календарот, овие два дуела ќе се играат на 16 и  17 јануари (сабота и недела). На првиот дуел домаќин ќе биде ЖРК Вардар јуниор, истиот е закажан со почеток во 14:00 часот.  Вториот меч за “формален домаќин“ го има тимот на  Минаква Војводина, истиот е закажан час подоцна, со почеток во  15:00 часот. Победникот од овој дуел ќе се  пласира во следната четвртфинална фаза од Челинџ купот. Македонската радио  телевизија ќе врши пренос од овие два дуела на собранискиот канал.