Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките денес на „мегдан“ против Шпанија, дуелот се игра во 16 часот
Кадетките денес на „мегдан“ против Шпанија, дуелот се игра во 16 часот

Кадетките денес на „мегдан“ против Шпанија, дуелот се игра во 16 часот

Денес на ЕХФ шампионатот во Литванија, кадетките на Македонија ќе го играат натпреварот од  3.коло. Не очекува силен дуел, денешен наш ривал е селекцијата на Шпанија.

Македонските кадетки одлично отворија и по две кола имаат максимален ефект, во првото бевме подобри од Косово, во второто ја совладавме селекцијата на домаќинот Литванија. Со денешна евентуална победа би избиле на врвот на табелата и би визирале полуфинале на овој шампионат за девојки до 17.години.

Дуелот против селекцијата на Шпанија, избраничките на Љубомир Савевски  ќе го играат во 16-00 часот по македонско време.