Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките денес на “тест“ со Спартак
Кадетките  денес на “тест“ со Спартак

Кадетките денес на “тест“ со Спартак

Кадетките на ЖРК Вардар, денес ќе го одиграат првиот натпревар во 2022 година, станува збор за контролен, пријателски  дуел за девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева.

Вардаровите женски ракометни надежи ќе се сретнат со тимот од населбата Кисела Вода, екипата на РК Спартак Сетекс. Дуелот ќе го одиграме како гости во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода. Истиот ќе започне во 19:30 часот. На средбата вардаровиот тренерски двоец ќе увиди до кај е формата постигната на зимските подготовки на девојките кои започна пред повеќе од еден месец.