Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пуштени се во продажба билетите за натпреварот меѓу Вардар и Хипо
Пуштени се во продажба билетите за натпреварот меѓу Вардар и Хипо

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот меѓу Вардар и Хипо

Пуштени се во продажба картите  за натпреварот меѓу Вардар и Хипо од ЕХФ Лигата на шампионите, кој ќе се игра на 21 ноември (сабота), во 17:30 часот. Бодрете ги нашите вардарки во последниот натпревар од групната фаза во ЛШ, кој може да биде решавачки и за првото место во нашата група Ц. Претходно, нашите девојки ќе му гостуваат на Ѓер, в сабота во 16:30 часот.

Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, од 10 до 18 часот и онлајн, на вебсајтот на тикетплус. Цените на билетите се следните:

  • Трибини – 180 МКД
  • ВИП Зони – 400 МКД
  • ВИП Соби – 1000 МКД