ЖРК Вардар јуниор годинава ја преставуват нашата земја во европскиот Челинџ Куп. Екипата предводена од Симовски противник во истиот го имаат тимот на Лондон Ејнџелс. Овие дуели на нашите млади девојки се е дел од 3-то коло од Челинџ Купот и тие се закажани за на 13 и 14 ноември. За јуниор ова е второ учество на европска сцена, лани немавме многу среќа и за противник имавме поранешниот европски шампион- Дунајварош.
Од првиот дуел македонската радио и телевизија ќе врши директен тв.пренос, дуелот ќе може да го проследите на собранискиот канал. Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде домаќин и на двата меча по претходен договор на двете екипите. Мечот на 13 ноември во петок и следниот меч ден подоцна ќе се одиграат со почеток во 18-00 часот. Со евентуална победа на нашите девојки во овој двомеч ќе минат во следната фаза од ова континентално натпреварување т.е осминафиналето од Челинџ Купот.