Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Се надевам дека салата ќе биде полна и ја повикувам публиката да дојде во што поголем број да не бодри,
Кастратовиќ: Се надевам дека салата ќе биде полна и ја повикувам публиката да дојде во што поголем број  да не бодри,

Кастратовиќ: Се надевам дека салата ќе биде полна и ја повикувам публиката да дојде во што поголем број да не бодри,

Во сабота започнува новата сезона во лигата на шампиони за екипата на Жрк Вардар. Ова ќе биде трета среќа да се стигне до Европскиот трон. Вардарки имаа долги подготовки одигрувајќи голем број на пријателски мечеви. Тука беа и “Букурешт трофеј“ и “Вардар турнирот, на кој нашите девојки го освоија првото место. За официјалниот сајт на клубот, во пресрет на мечот против Ѓер, тренерот Индира Кастратовиќ го изјави следново:

Секако дека има разлика, нам тоа ни беше целта, да имаме повеќе натпревари и, иако овој месец не одигравме ништо, се надевам сето она сработено од претходно ќе донесе резултат, дека девојките се спремни. Со нетрпение го чекаме натпреварот против Ѓер кој ќе биде клучен во нашата група.

Натпреварот ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 20:15 часот.

Мислам дека Ѓер е главниот конкурент на Вардар во оваа група, а дополнително е тешко тоа што ова е прв натпревар, секогаш првиот е најтежок. Ете мораше да биде со Ѓер и среќа што го играме на домашен терен и јас најискрено се надевам дека салата ќе биде полна и ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да не бодри, изјави  Индира.