Останува уште малку до почеткот на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во женската лига на шампиони. Таму третта последователна година ќе не претставува нашиот женски ракометен шампион, екипата на Вардар. Противник во полуфиналето и последната пречка за пласман во големото финале, ќе ни биде екипата на ЦСМ Букурешт од Романија. Со истава екипа веќе одигравме два натпревари и тоа во главната групна фаза, забележувајќи две победи. На мечот во Скопје, славевме минимално (22:21), додека на гостински терен бевме поубедливи (25:30). Полуфиналните натпревари ќе бидат одиграни во сабота. Во првото 1/2 ќе се сретнат екипите на Ѓер и Будуќност, додека во другото Вардар ќе вкрсти со Букурешт. Големното финале ќе биде одиграно во недела, како и за пласман на третото место. Столбот во одбраната на Вардарки, Андреа Кликовац за нашиот сајт ги сподели очекувањата за Ф4 турнирот, со надеж дека на крајот Вардар ќе се искачи на највисокото место.
-Не очекува многу тежок натпревар против екипата на Букурешт. Со самото тоа што претходно ги победивме на два пати сега притисокот е уште поголем на нас. На вакви завршни турнири, на кои играат четирите најдобри тимови во Европа нема фаворити. Секој може секого да победи, сепак мала предност би им дала на Ѓер, само поради домашниот терен и публика. Ние сега размислуваме само за дуелот со Букурешт, а дури потоа можеме да зборуваме за други работи.
Ова ќе биде трето учество на завршните турнири и се надеваме на третта среќа за Вардарки во освојување на Европската титула.
-Расположението во екипата е на највисоко ниво, едвај чекаме да тргнеме за Будимпешта, одлично го познаваме противникот и сме подоготвени да го дадеме својот максиум. Доколку го испочитуваме договореното и одиграме како што ние знаеме, можеме да се надеваме на прво финале за Вардар во ЛШ, а потоа и за освојување на европската круна, изјави Андреа Кликовац за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски