Утре со почеток во 19 часот девојките на Жрк Вардар го играат последниот натпревар пред завршнaта нокаут фазата во 1/4 финалето од Лигата на Шампионките.
Утре во Скопје доаѓа Рускиот тим екипата на Динамо Синара.
Калкулации за Вардарки има еден куп, доколку се победи Динамо со повеќе од 7 голови разлика, Вардар ќе биде сигурно 3-ти, а за поголем пласман ќе се знае по завршувањето на дуелот Турингер – Лајпциг.
Вардар е сигурен во 1/4 финалето, но поентата на екипата е што полесен противник во 1/4 финалето, односно избегнување на Ѓер, кој со сигурност ќе го освои 2-то место.
Дојдете утре сите во СЦ. Јане Сандански да ги поддржиме девојките во походот кон нова победа, и пласман во 1/4 финалето.
Фото:zrkvardar.mk