Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Куманово “лесен залак“ за девојките на ЖРК Вардар
Куманово “лесен залак“ за девојките на ЖРК Вардар

Куманово “лесен залак“ за девојките на ЖРК Вардар

Женскиот ракометен клуб Вардар одигра вчера еден од  заостанатите натпревари од плејофот во Супер лигата. Ние гостувавме  во Куманово кај истоимената екипа. Во овој четврти дуел за нас во плеј-офот остваривме висока победа со двесет гола предност, мечот заврши со резулат 20-40 за црвено-црните девојки.

Вардарки уште од првата минута покажаа “кој е газда„ тие   направија разлика уште во воведните минути од  мечот, кога го започнавме мечот со серија 0-5. Веднаш потоа домаќинките погодија за првпат, но вардарки отидоа на двоцифрена    разликата  со серија 1-7 по која водевме со десет гола односно 12-2 на половина од првиот период. По ова дојде до балго опуштање во нашите редови и почна да се игра игра гол за гол на двете страни, разликата остануваше иста плус десет. На пауза успевме да одиме и со гол повеќе односно со 11 разлика, на одмор се замина со 10-21.  Првата половина во второто полувреме беше слична како и втората од првата, разликата остануваше двоцифрена во наша корист.  На средината од вториот дел односно во  45 минута водиме со 17-28. Во последната четвртина од мечот влегуваме во пеколен ритам и со серија од 1-7 се одлепуваме на  35-18.  Во финишот ја зголемувавме предноста, крајната  победа од 40-20 беше највисоко водство кое го имавме на овој меч. За избраничките на Кастатовиќ и Камара четврта победа од исто толку одиграни дуели во лигата. ЖРК Вардар: Петковска, Лејно, Суслина, Кликовац, Дамњановиќ, Лазовиќ 6, Дембеле 2, Сокач, Пенезиќ 2, Черноиваненко 7, Човиќ 9, Ихнева 3, Хмирова 4, Ристовска 4, Грбиќ 3.