Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > КУП 1/4-финална група: ЖРК Вардар во сабота против Шампион
КУП 1/4-финална група: ЖРК Вардар во сабота против Шампион

КУП 1/4-финална група: ЖРК Вардар во сабота против Шампион

ЖРК Вардар престојниот  викенд кој е пред нас го очекува настап во Купот на Република Македонија, девојките на Александар Царчев ќе настапат во 1/4-финалната група од ова натпреварување.

Првиот дуел го играат во сабота, на истиот се фаворит и се очекува ден потоа, недела да играат во финалето на оваа 1/4-финална група чии победник ќе настапи на завршницата, односно во Ф-4 турнирот во Купот на Македонија.  Во сабота на 18.март во полуфиналната пресметка за ривал ја имаме екипата на ЖРК Шампион, дуелот во салата „Круме Кепески“ ќе се игра со почеток во 16-00 часот.