Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Преглед 18.коло! КК Вардар лидерски, ривалите држат чекор
Преглед 18.коло! КК Вардар лидерски, ривалите држат чекор

Преглед 18.коло! КК Вардар лидерски, ривалите држат чекор

Само уште четири  кола од регуларниот дел се пред екипите од втората лига. Доста извесно е дека плеј-офот, и доигрувањето за местата (две) кои водат во првата лига, екипата на Вардар ќе го дочека од најдоброто стартно место-првото. Во ова коло „вардарци“ го декласираа составот на Црн Дрим (116:62), и го задржаа чекорот во однос на конкуренцијата.По ова коло, неа ја сочинуваат две екипи, Соколи 1933 и Работнички 2018. Но не и Ангели кои го загубија дуелот на домашен терен, токму од штипскиот второлигаш со резултат (75:82).

Многу важна победа запишаа и младите кошаркари на Работнички 2018 и тоа на гостински терен во Велес, против екипата на Борец Баскет (81:68), по која се и на ист ефект заедно со Соколи 1933, (13-5).

Победа, и тоа минимална, на гостински терен во Скпје, запишаа и младите кошаркари на МКК Куманово во дуелот против Водно Санс (80:78). Доволно за делба ма местото број 5 пред одигрување на последните четири кола.

Интересна ќе биде и битката за другите места кои водат во наредната елиминациска фаза од второлигашката конкуренција.

Јасно е дека „надвор од игра“ се само екипите на Баскет Кам (скор 3-15) и Црн Дрим (0-18). Засега во предност е Водно Санс (скор 9-9), кој е на седмата позиција, следуваат МЗТ Скопје Уни Банка и Шкупи (двете екипи со скор (8-10), додека доста помали се шансите на Борец Баскет кој има (7-11).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО

ГКК Охрид – МЗТ Скопје Уни Банка   59:69

Вардар – Црн Дрим         116:62

Борец Баскет – Работнички      68:81

Ангели – Соколи 1933    75:82

Баскет Кам – Шкупи        67:81

Водно Санс – МКК Куманово   78:80

ТАБЕЛА: Вардар 33, Соколи 1933 31, Работнички 31, Ангели 30, МКК Куманово 28, ГКК Охрид 28, Водно Санс 27, МЗТ Скопје Уни Банка 26, Шкупи 26, Борец Баскет 25, Баскет Кам 21, Црн Дрим 18;

ИДНО КОЛО (18.03)

Работнички 2018 – Црн Дрим

Соколи 1933 – ГКК Охрид

Баскет Кам – Вардар

МКК Куманово – Ангели

Шкупи – Водно Санс

МЗТ Скопје Уни Банка – Борец Баскет