ЖРК Вардар во своите редови го донесе еден од најдобрите стрелци во женска сенорска лига, Нина Милевска, во следната сезона ќе го носи дресот на Вардар.
Левиот бек од Кузман Вардар во изминатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци , постигна 125 погодоци на 20 одиграни натпревари. Овој бек од почетокот на нејзината кариера беше во Кузман Вардар. Наскоро се очекува дефинирање на ростерот на црвено-црните, некои девојки веќе се заминати, а се очекува ангажирање и на неколку нови имиња.