Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките имаат 23 победи по ред во својата конкуренција
Пионерките имаат 23 победи по ред во својата конкуренција

Пионерките имаат 23 победи по ред во својата конкуренција

Време е за пресек во женската пионерска лига за време на оваа пауза. Се одиграа само две пролетни кола,  10 и  последното пред прекинот 11.коло. Во  истото екипите кои се во првата половина на табелата дојдоа до победи над ривалите. Металург, Делчево, Велкова-5 и Аеродром успеаа да впишат нови победи и да ја продолжат битката за втората позиција која води на Ф-4.

Избраничките на Платон и Папуџиева, пионерките на ЖРК Вардар го одигаа и 11.перфектен дуел. Тие дојдоа до нова победа и се во неверојатна низа во пионерската лига. Ние сме во неверојатна низа од 23.победи  на 23.меча по ред во пионерската конкуренција (12 изминатата сезона и 11 во оваа).

Во последното коло пред прекинот се соочивме со тимот на  КЛ7, веќе на полувреме имавме осетна предност, победата дојде со 19.гола повеќе односно со резултат 28-9. Кај нас на оваа средба одличен перформанс имаше голманката Ѓорѓиевска Вероника, седум гола постигна Борјана Коцева, а пет погодоци беа дело на крилото Ива Ангеловска.
Остватените резултати во ова 11.коло во пионерската група-1 се следните:

* ЖРК Куманово -РК Делчево Вардар 11:14

 * РК КЛ 7 Лазаров – ЖРК Вардар 09:28

* РК Велкова 5 – РК Драчево 21:08

*РК Ѓорче Петров – РК Аеродром 08:18

* ЖРК Металург – РК Алушовски 25:15

На табелата ние сме доминантни со максимални 33.бода, убедлив лидер и најголемиот фаворит за Ф-4. За останатата, втора „виза“ за собирот на најдобрите четири тима каде „лавиците“ ќе ја бранат круната конкурираат три екипи: Металург, Аеродром и Делчево Вардар, шансите на Велкова-5 за истата се само теоретски.

tabela1