Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ: Чест е да се биде дел од црвено-црното семејство
Андреа Лекиќ: Чест е да се биде дел од црвено-црното семејство

Андреа Лекиќ: Чест е да се биде дел од црвено-црното семејство

Андреа Лекиќ го продолжи договорот со Вардар до јуни 2017 година и најмалку уште една сезона ќе ја гледаме во црвено-црниот дрес. Ова е сигурно радосна вест за сите навивачи на Вардар, кои посакуваа Андреа и понатаму да остане во клубот. Така екипата ги задржи најголем дел од играчите кои се најзаслужни за добрите резултати во изминативе сезони.

На обострано задоволство останувам во Вардар уште најмалку една сезона. Чест е да се биде дел од црвено-црното семејство и среќна сум што и во наредната сезона ќе бидам во Скопје. Во продолжение од сезоната се надевам на добри резултати и големи успеси во наредниот период, рече Лекиќ за нејзината официјална фан страна.

Инаку ова е третта сезона за српската репрезентативка во Вардар со кој на два пати го освои бронезениот медал од лигата на шампионите, а следната цел е освојување на европската круна.