Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Денеска ќе се одигра “сестрински дуел“ помеѓу вардарки во плеј-офот
Денеска ќе се одигра “сестрински дуел“ помеѓу вардарки во плеј-офот

Денеска ќе се одигра “сестрински дуел“ помеѓу вардарки во плеј-офот

Денеска свој меѓусебен дуел  во плеј-оф разигрувањето ќе имаат двата женски црвено-црни сениорски колектива. Формален домаќин е ЖРК Вардар на екипата предводена од Симе Симовски, Вардар јуниор. Мечот е закажан за денес со почеток во 16-00 часот,  истиот нормално ќе се одигра во спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје. Повоздрасните вардарки, избраничките на Кастатовиќ и Камара се апсолутен фаворит на овој меч.

Првотимките со вчерашната победа во нивниот четврти меч во кој беа гости во Куманово кај истоимената екипа по одиграни за нив четири кола ја заземаа лидерската позиција на плеј-оф табелата. Тие имаат еднаков број на бодови со ЖРК Вардар јуниор и ЖРК Металург кои имат меч повеќе односно два. Помладите вардарки успеаа да го совладат Металург и да си ја “резервираат“ втората позиција од табелата која е повеќе од огромен успех за овој млад вардаров колектив.