Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес, Вардар домаќин на ЖРК Гевгелија
Денес, Вардар домаќин на ЖРК Гевгелија

Денес, Вардар домаќин на ЖРК Гевгелија

Денес и утре во групата-А кај женските ракометни сениорски екипи на програмата е 11.коло од лигата. Во оваа рунда црвено-црните дами ќе бидат домаќини.

ЖРК Вардар, денес (среда, 07/12/2022) ќе ја пречека екипата на ЖРК Гевгелија  од истоимениот град. Натпреварот кој се игра во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода е закажан со почеток во 16 часот и 30 минути.