Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор и ЖРК Вардар во сабота ќе ги играат мечеви од Плеј-офот
Вардар јуниор  и ЖРК Вардар  во сабота ќе ги играат мечеви од Плеј-офот

Вардар јуниор и ЖРК Вардар во сабота ќе ги играат мечеви од Плеј-офот

Вчера свој меч во плеј-офот одиграа Вардар јуниор како домаќин и ЖРК Вардар како формален гостин, истиот се одигра во  малата сала  при нашиот ракометен храм  „Јане Сандански“. Во дуелот првотимките на нашиот женски ракометен колектив беа доминантни и убедливо  им нанесоа пораз на своите помлади колешки од екипaта на ЖРК  Вардар јуниор  со високи и  убедливи 43:9. По одигрување на овој меч веќе во сабота на програмата се следните предизвици за нашите два црвено-црни женски ракометни колективи.

Избраничките на Симе Симовски младите ракометарки од Вардар јуниор  во сабота го очекува плеј-оф дуел нагости со екипата на   ЖРК Куманово во истоимениот град. Првотимките на  ЖРК Вардар истото така на “Велика сабота“ ќе игра меч во плеј офот. Тие ќе бидат домаќини  во  малата сала  при нашиот ракометен храм  „Јане Сандански“ на  битолски Жрк  Пелистер. Избраничките на тренерскиот двоец Индира Кастратовиќ -Давид Дејвис се апсолутни фаворити во женската Скопско Супер лига и само прашање е со колкава гол зазлика ќе  ја завршат оваа сезона.