На вчерашниот натпреварувачки ден на Медитеранските игри во Алжир двете ракометни селекции на земјава имаа свои предизвици.
Машката репрезентација на Македонија славеше против Турција со 22-31 на натпреварот од четвртото коло во групната фаза на Медитеранските игри. Предводник на нашата селекција беше десното крило Александар Петковски кој даде дури 11 погодоци.
Женската репрезентација на Македонија која на во Алжир настапува со состав од кадетско-младински микс, беше поразена на вториот натпревар од поискусната репрезентација на Србија со 18:26 (8:10). Ракометарките на Србија победата ја обезбедија во второто полувреме кога при нерешен резултат од 16:16 направија серија од 8:0 и рутински ја завршија задачата во денешниот дуел. Во првиот натпревар, Македонија беше поразена од Турција.