Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Чаир ги налутија младинките на ЖРК Вардар па доби “ракометна лекција“
Чаир ги налутија младинките на ЖРК Вардар па доби “ракометна лекција“

Чаир ги налутија младинките на ЖРК Вардар па доби “ракометна лекција“

Денес во салата “7ми Мај„  во Скопски Чаир, младинките на Вардар гостуваа во последниот нивни меч за оваа година кај истоимената екипа. Домаќинките успеаа да парираат во првиот дел, искористувајќи неколку наши грешки, но тоа ги налути црвено-црните дами кои потоа им одржаа ракометна лекција. Ние губевме пред крајот на привиот дел со 10-8, потоа повторно “црвено-црн бум“ и победа со 16 гола предност односно резултат 23-39.

Првиот дел наше водство од 0-1, но потоа имавме серија технички грешки па чаирчанки водеа по трите врзани гола со  3-1. Се играше гол за гол, поради потребното време за адаптација во оваа сала успеавме да играме доволно колку да парираме се до 10-8. Потоа се случи она што домаќинот го “посака“ доби вардарова лекција. Во играта во одбрана заигравме подобро, тоа го наградивме во напад каде изедначивме првин, а потоа ја “билдавме“ предноста. Со четири гола отидовме на одмор, односно со резултат 14-18.

Вториот дел го почнавме сосема различно од првиот па ние диктиравме темпо, од минута во минута ја полневме мрежата на противникот. Успеавме по 10сетина минути да ја “пробиеме“ двоцифрената бариера и отидвме на плус десет, 17-27.  Домаќинот проба да се врати во игра, ама нашиот тим диктираше темпо и потоа. До крајот на шеста нивни гола ние вративме двојно односно со 12 погодоци во нивната мрежа. Чаирчанки ја видоа силата на нашиот колектив, кој победи како тим во оваа средба надигрувајќи ги  во сите аспекти своите ривалки. Триумфот дојде со резултат 39-23 за црвено-црните дами кои со оваа средба се простија од натпреварувачката 2018 која ја завршија со одличен успех како колектив.