Вчера се играше 1.колото од женската младинска ракометна лига, во Јане Сандански тимот на Чаир гостуваше кај црвено-црните. ЖРК Вардар отвори со убедлива победа остварена со резултат 48-31.
Гостинот отвори со две водства (0-1 и 1-2), ние изедначивме на 2-2, потоа се играше гол за гол, а чаирчанки успеаваа да парираат на црвено-црните се до 10-10. Тоа беше последен нивни позитивен резултат, со серија 5:0, поведовме со 15-10, од минута во минута успевавме да ја зголемуваме разликата пред младинките од скопската населба Чаир. На одмор отидовме со комотна двоцифрена предност, водевме 24-14 за време на паузата помеѓу двата периода на овој дуел од 1.коло во младинската женска лига.
Во вториот дел ривалот се обиде да ја нападне нашата висока предност, но не само што не успеа да ја намали туку ние ја зголемивме истата. Од минута во минута раснесеше предноста на црвено-црните дами, Ристова даде шанса на сите девојки од ростерот кои беа повикани за оваа средба. Победата дојде со 17.гола повеќе, ние триумфиравме во ова деби коло од сезоната 2021/2022 со резултат 48-31.
Кај нас Коцева Бојана имаше 8 гола, Дамјаноска Катерина даде 7 гола. Васевска Златица постигна 6 гола, гол помалку односно 5.погодоци имаше Попова Нина. Стојанова Сара и Попова Јасмина стрелаа по 4 пати, три девојки имаа 3-ки: Максимовска Наталија, Костовиќ Ангела и Стојановска Михаела, а Коцева Борјана впиша 2 гола.